Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед вчера на сметката на Жозе Мурињо му уплати 15 милиони фунти.
Оваа информација за Дејли Мејл ја потврди извор близок до Мурињо, кој додаде дека се е расчистено помеѓу Манчестер Јунајтед и Мурињо и тој може да си бара друг клуб.
Мурињо веќе одамна се поврзува со Реал Мадрид, но и со Интер, а самиот Португалец истакнува дека му е чест што би можел да се врати во еден од поранешните клубови.
„Секако дека би ми било голема чест, но не сме преговарале. Кога вас ве посакуваат поранешните клубови, тоа е голема работа. Тоа значи дека сте направиле нешто добро и дека вредите како личност“, јасен беше Мурињо.
„Ова е момент да бидам мирен, да се види каде грешев и да ја анализирам годината која е зад мене. Исто така да се припремам за новите предизвици“, додаде Португалецот.