Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо во зимскиот преоден рок сака дополнително да ја засили одбраната, а дефанзивецот на Рома Костас Манолас е прв на листата не желби.
Англичаните за 25-годишниот грчки репрезентативец спремија понуда од околу 60 милиони евра и се верува дека оваа сума ќе биде доволна за клубот од Рим да го одобри трансферот.
Медиумите од Островот порано пишуваа дека Црвените ѓаволи за Манолас може да платат 43 милиони евра.
Гркот во Рома дојде во 2014 година од Олимпијакос и во оваа сезона во првенството на Италија постигна еден гол во 16 натпревари.
Истотака, вчера италијанските медиуми открија дека во листата на Мурињо е уште еден Хрват кој силно го сака.
Повеќе за тоа ТУКА.