Му донесе титула на Манчестер Јунајтед, сега е пред трансфер во Црвена Звезда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите во Србија пренесуваат дека на Црвена Звезда им е понудена можноста во своите редови да го донесат поранешниот голем талент на Манчестер Јунајтед, Федерико Македа.

Италијанскиот фудбалер стана главна тема на разговор во 2008 година кога погоди за Манчестер Јунајтед на своето деби во дресот на „Црвените ѓаволи“.

Се играше 31. коло во Премиер лигата кога „ѓаволите“ на свој терен имаа реми (2:2) против Астон Вила. Ова беше резултат кој му одговараше на Ливерпул кој беше најблизок конкурент на Манчестер Јунајтед во битката за титулата.

Потоа на сцена стапи младиот Италијанец кој со гол во 91. минута донесе голема радост за Сер Алекс Фергусон. Македа постигна гол и на следниот натпревар против Сандерленд, и тоа беше се од него.

Следуваа позајмици во Кардиф, КПР, Сампдорија, но никаде не успеа да се снајде, а последен негов клуб му беше Новара.

Сега една менаџерска агенција го нуди Македа на Црвена Звезда, па лесно може да видиме реализација на трансферот на некогашната голема надеж на Манчестер Јунајтед во Белград.