Навивачите на Ливерпул може да здивнат

Медиумите во Англија на големо пренесуваат дека од таборот на Реал Мадрид се откажале од намерата да го донесат Мохамед Салах во своите редови.

Египетскиот интернационалец оваа сезона со сигурност е меѓу најдобрите тројца фудбалери во светото и со право го привлече вниманието на европските гиганти.

Сепак, Дејли Експрес пишува дека Реал Мадрид нема намера да притиска за неговиот потпис ова лето и своето внимание ќе го насочи кон Еден Азар од редовите на Челси.

Салах по пристигнувањето од Рома игра фантастично во дресот на Ливерпул и веќе зад своето име има запишано 29 погодоци.