Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тешкиот пораз во средата од Фиорентина од дури 7-1 многу ги погоди навивачите на Рома.
Волчицата игра катастрофално, а вчера голема група од разочарани навивачи се појави пред Тренинг центарот каде упатија голем број на навреди на сметка на фудбалерите и сручниот штаб кои после тренингот се упатија накај своите домови.
И првата ѕвезда на тимот Един Џеко беше на мета на навивачите. Тој во игра влезе во 46. минута а веќе во 72. мораше да излезе поради црвениот картон.
„Добра работа заврши. Пет минути и излезе“, беа иронични зборовите на навивачите, рпенесува Romanews.
Поедини фудбалери од страв не ни сакаа да застанат пред навивачите, а Патрих Шик сепак на кратко застана и им се извини на навивачите.
Рома веќе во недела ги очекува дерби против Милан во рамките на Серија А, тоа сигурно ќе биде голем испит за Волчицата.
https://www.youtube.com/watch?v=TVtWDrxIz1k