Навивач на Евертон го провоцираше Клоп, а Германецот изреагира невообичаено (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Евертон успеа да го запре Ливерпул на „Гудисон парк“ со 0-0, па сега лидер во англиската Премиерлига е Манчестер сити, па „црвените“ ги чека тешка битка за титулата до крајот на сезоната.

Градските ривали ги поделија бодовите, а по мечот едно од децата кои собираат топки беше многу храбро и му даде аплауз како провокација на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Клоп се налути поради потегот, па реши да се врати кон детето, па делуваше дека ќе му се развика или ќе направи некој проблем, но Германецот му се насмевна и замина во тунелот.

Очигледно Клоп се надева дека има шанси да го престигне Сити на врвот на табелата до крајот на сезоната, па можеби ќе важи непишаното правило „кој последен се смее, најслатко се смее“.