Навивач на Манчестер Јунајтед промени податоци на Википедија за стадионот на Арсенал


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед пред неколку дена славеа на гости против Арсенал со 3-1 во рамките на ФА купот.

Црвените Ѓаволи ја продолжија одличната серија, а од доаѓањето на Солскер ова беше осма победа по ред за овој тим. Јунајтед одигра одличен меч на Емирати и заслужено славење, а на крајот во центар на вниманието се најде Џеси Лингард.

Тој постигна еден гол на овој меч. па го прослави имитирајќи го легендарниопт Мајкл Џексон. Тој поради тоа стана хит на социјалните мрежи, а подоцна и со негова фотографија ги провоцираше навивачите на Арсенал.

Но приказната не заврши овде, бидејќи еден од навивачите на Манчестер Јунајтед успеал да промени податоци на Википедија околу стадионот на Арсенал и да го постави како сопственик токму Џеси Лингард. Но, ова брзо се промени, сепак фотографијата веќе заврши на социјалните мрежи.