Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Легендарниот шведски тенисер, Виландер изјави дека во светот на спортот постојат измамници, но дека Надал не е еден од нив.
Руска хакерска група во понеделникот објави дека 29-годишниот Шпанец барал дозвола да користи одредени супстанции кои се на листата на забранети за терапевтска употреба. Според документите од Светската анти-допинг агенција, Надал во 2009 и 2012 година користел инекции на тетракосактид, кој го стимулира произведувањето на кортикостероиди.
„Секогаш ќе има такви кои се обидуваат да искористат одредена ситуација, но еден од таквите сигурно не е Надал.“
Виландер, исто така, изјави дека тенисот е целосно чист спорт.
„Може да им верувате на тенисертите, можете да верувате генерално на тениската култура, како и на индивидуалци.“
Виландер додаде и дека не е сигурен дека во тенисот некогаш е виден случај дека некој лажел и се обидел да се извлече. А вели и дека доколку некој тенисер го прекршил правилото, тоа ќе биде наивна грешка.