На повидок „нов Пјаниќ“? Јуве испраќа понуда на адреса на Рома


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус е спремен да доведе уште еден играч од Рома после Миралем Пјаниќ, кој се покажа како полн погодок.

Медиумите од Апенините донесоа ексклузивна вест дека клубот од Торино подготви 25 милиони евра за Леандро Паредес, за кого се интересираат и бројни англиски клубови.

Токму Пјаниќ е еден од основните мотиви што Јувентус го сака Паредес со оглед дека овие двајца фудбалери добро се познаваат, па во Торино се сигурни дека со овој тандем нивниот среден ред ќе добие на креативност.

Леандро Паредес во оваа сезона игра важна улога во Рома и не е познато каква би била реакцијата на навивачите на Волчицата кога еден уште еден играч од клубот од Олимпико би завршил во Торино.

Овој 22-годишен во својата кариера уште настапуваше за Бока Јуниорс, Киево и Емполи, а за Рома дебитираше во 2014 година.