Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Армандо Ицо е на мета на обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија.
Шок во Џенова!
Обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија побара денеска на стоперот на Грифоните Армандо Ицо (25) да се изрече шестгодишна суспензија за забрана за играње на фудбал, како и на второлигашот Авелино да се одземат седум бодови.
Ова барање датира уште од крајот на минатата сезона, кога Ицо со својот тогашен тим Авелино беше во група на тимови кои се обвинети за учество во скандал околу местење на натпревари со Модела и со Реџина во завршницата од сезоната 2013/14.
Ицо, кој пред неколку месеци дебираше и за А репрезентацијата на Италија, му се заканува и парична казна од 20 000 евра.
Со исти обвиненија се соочија и неговите некогашни соиграчи Франческо Милеси и Лука Пини.
Обвинителството истотака терени уште неколку играчи на Авелино Фабио Писакане (сега во Каљари), Маријано Аринио и Рафаел Бјанколино на кои им се закануа шест месечна суспензија и казна од по 30 00 0евра поради кршење на должноста да пријават корупција.
На крајот, деветмесечна суспензија и казна од 45 000 е побарана за некогашниот претседател на Авелино Валтер Таконе кој денеска е извршен директор на овој тим.