Неверојатно: Уште еден хуман гест на Матуиди, овојпат поврзан со премијата од Мундијалот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Блејс Матуиди покажа дека не е само добар фудбалер, туку и голем човек.

Матуиди на изминатото СП со Франција го освои златниот медал, што му донесе и бонус од 330 илјади евра, а се што доби одлучи да го донира во хуманитарни цели, поточно во организација за помош на децата.

„Имаме слобода да ја донесеме таа одлука и да ја направиме јавна. Заработуваме многу пари, тој износ за нас не е многу, а за некои е многу. Најважно е дека доаѓа од срцето“, изјави Матуиди додавајќи дека детската насмевка секогаш го прави среќен.

И самиот Матуиди основа организација, која учествуваше во обновувањето на сиропиталиштата во Киншаси, главниот град во Демократската Република Конго, а за својата хумантирана работа неодамна доби и признание.

За потсетување, Матуиди за Јувентус настапува од летото 2017. година. Претходно настапуваше во Франција за ПСЖ и Сент Етјен.