Неверување во Лондон: Напаѓачот се врати во Челси после само неколку дена на позајмица


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Лоик Реми се врати во редовите на Челси само нешто повеќе од седум дена после што е позајмен на градскиот ривал Кристал Палас.

Причината за враќањето е тешката повреда на членот, која црномурестиот напаѓач ја претрпе на почетокот на неделата, а поради која може да паузира два месеци.

Одлучено е тој период да го помине на опоравување во клубот под чиј договор е сеуште.

„Нажалост, Лоик се повреди и не ја знам точно сериозноста на повредата. Но, извесно е дека на него нема да сметам во овој викенд“, рече менаџерот Алан Пардју за Скај Спортс.

Реми требаше да биде големо засилување за екипата на Кристал Палас, а за неговиот откуп треба да се разговара на крајот на сезоната.