Неутешниот Нејмар плачел со денови: Овој пат е подруго

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се опоравува во родниот Бразил од поврдата на стапалото која ја здоби на натпреварот против Стразбур на крајот од јануари.

Тој мораше да оди на пауза од 2 и пол месеци, а иако оваа повреда важи за тешка, одлучено е Бразилецот да не оди на операција.

Меѓутоа мирувањето е неопходно, па Нејмар нема да биде на располагање на тимот до април.

Бразилскиот магионичар нормално тешко ја прифати оваа повреда. Призна дека неколку дена плачел поради чинот што повторно ќе го пропушти клучниот дел од сезоната.

„Мислам дека оваа повреда е покомплицирана од онаа која ја здобив првиот пат“, рече Нејмар, па продолжи:

„Кога првиот пат се повредит реков: Одиме на операција што поскоро и немав потреба да бидам загрижен. Овој пат е подруго. Неколку дена плачев поради ова што ми се случи“, откри бразилскиот велемајстор.

Сепак на ПСЖ и без него му оди добро, посебно кога се однесува до ЛШ. Во првиот наптревар на Олд Трафорд против Јунајтед успеаа да победат и само чудо може да ги одвои од четвртфинале во ЛШ.