Нејмар ги оствари соништата на навивачите на ПСЖ!


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Фудбалерите на ПСЖ синоќа ја совладаа Ница со 3:0 на доамшен терен.

ПСЖ покажа дека ништо нема да ги запре оваа сезона во јуришот на титулата. Парижаните играа без Нејмар кој паузираше поради добиениот црвен картон на натпреварот против Марсеј.

Сепак неиграњето на Нејмар не беше проблем бидејќи синоќа блескаше Кавани кој два пати ја затресе мрежата на Ница. Иако Нејмар синоќа не играше тој ги оствари соништата на три верни навивачи на неговиот тим.

„Овој меч беше и како хуманитарна акција за нас. Три соништа се исполнети синоќа на Паркот на принцовите“ – беше објавена фотографија и напишано од страна на официјалната страна на ПСЖ на социјалната мрежа Твитер.