Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најскапиот фудбалер на денешницата, Нејмар по натпреварот ПСЖ-Рен го искажа своето незадоволство што од клубот дозволија Лукас Мура да се приклучи на Тотенхем.
„Тажен сум затоа што тој ми е добар пријател и е квалитетен фудбалер кој ретко беше користен. Мислам дека е многу нефер. Му посакувам многу среќа, која и да е неговата следна дестинација. Се надевам ќе постигнува многу голови и ќе се врати во националниот тим на Бразил“-коментираше Нејмар.
Бразилецот потоа додаде дека Мура можел да биде користен многу повеќе отколку што добиваше шанса од Унаи Емери и потенцираше дека доколку тој се прашувал никогаш немало да го продаде брзоногиот крилен фудбалер.