„Не знам дали ќе играм до крајот на сезоната“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Американската тенисерка, Серена Вилијамс изјави дека не е сигурна дали ќе се врати на теренот до крајот на сезоната.

    Серена последниот натпревар го одигра во ½-финалето на УС Опен, кога беше поразена од Плишкова и од тогаш се мачи со повреди.

    Минатата сезона, помладата од сестрите Вилијамс не играше од УС Опен до крајот на сезоната, а сега би можело да видиме слично сценарио.

    „Сеуште немам одлучено дали ќе играм до крајот на сезоната.“

    На прашањето дали планира воопшто да игра оваа сезона, таа изјави:

    „Уморна сум од тоа да играм тенис, а да не сум здрава и да доживувам порази какви што никогаш не ми се случиле. Дефинитивно сакам да бидам здрава и да играм најдобро што можам.“

    Зад Американката е тешко лето, бидејќи таа на Вимблдон имаше проблеми со повреда на рамото, а на УС Опен со повреда на коленото.

    „Имав сериозни проблеми со коленото. Не бев уморна, заморот нема никаква врска со тоа. Не можев да се движам како што треба. Кога сте повредени, размислувате за други работи кога би требало да играте и да се сконцентрирате на своите удари.“