„Не игравме лошо, а иднината е во моите раце“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Лучијано Спалети одги да разговара за својата иднина после елиминацијата на неговата екипа во полуфиналето на Купот на Италија.

„Ќе видиме дали ова ќе влијае на остатокот на сезоната. Очигледно дека сме разочарани со ваквиот резултат. Не можеме да го менуваме минатото, но мораме да бидеме внимателни во иднина“, го започна своето обраќање пред новинарите тренерот на Рома.

Спалети истакна и д ека Рома, по негово мислење, играше доста добро, но секогаш постои ризик од пад на концетрацијата, што се случи кај вториот погодок кој ја промени неговата екипа.

Италијанскиот стручнак неодамна изјави дека ќе даде отказ на својата позиција доколку не освои ниту еден трофеј во оваа сезона. Рома се наоѓа на второто место во Серија А, а испадна и од Купот на Италија и од Европската лига, па трофејот се чини недостижен.

„Мојата судбина е во моите раце, на никој друг, се зависи од мене. Секогаш зборувам дека мораме да победуваме, силни сме, мораме да победуваме, но ако не постигнуваме резултати, некој мора да преземе одговорност“, додаде тренерот на римскиот клуб.