„Не ме интересираат парите, останувам во Милан“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Карлос Бака, вчера доби понуда од Кина од Тијанџин за својата кариера да ја продолжи во дресот на овој клуб.

Кинескиот клуб беше спремен да плати 35 милиони евра за овој напаѓач, му понуди годишна плата од 12 милиони евра.

Иако многу веруваа дека Бака ќе ја прифати понудата бидејќи е незадоволен од минутажата на Сан Сиро, на крајот сите ги изненади.

„Кога ја добив понудата од Милан пред две години не размислував многу и дојдов овде. Ми беше одлично во Севиља, но понуда од Сан Сиро не може да се одбие. Моментално не сум во најдобра форма, но вредно работам за повторно да се вратам на старите стази на слава. Вистина е дека добив понуда од Кина каде би заработил доста пари, но немаше да бидам среќен. Сакам да останам во Милан бидејќи сум тука среќен“, рече Бака.

Колумбиецот додаде дека верува дека многу ќе се врати во вистинска форма, и дека му е мило што конечно Винченцо Монтела се одлучи да му даде нешто поголема минутажа. Бака знае дека навивачите многу очекуваат од него, и порача дека ќе ги исполни очекувањата.