Не може да оди поради повреда – Навивач на Баерн го тужи клубот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фриц Ретенштеинер, навивач на Баерн Минхен, го туши клубот поради несреќа која му се случила во 2014-та година пред натпреварот против Јунајтед.

Овој навивач се повредил на стадионот, а тоа се случило откако навивач на Јунајтед се обидел да ја прескокне наплатната рампа и паднал врз него.

Поради повреда на коленото, Фриц сега оди со помош на стап, а одлучи да го тужи саканиот клуб и бара 120.000 евра.

Случајот беше на суд. Компромис за исплата околу 10.000 евра не е постигнат, затоа што двете страни го одбија.