„Не сакам да коментирам на судиските одлуки“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зидан по ремито со Лас Палмас не сака да ги коментира судиските одлуки, при исклучувањето на Бејл и досудениот пенал, но може да каже дека не е задоволен со неговата екипа во првиот дел од натпреварот.

„Како и секогаш не сакам да се занимавам со судиски одлуки. Можам да зборувам само за нашата игра, како и за тоа каде грешевме и што можеме да поправиме. Во сезоната, која е навистина долга, знаат да се најдат 3-4 натпревари како тој со Лас Палмас.“

„Едноставно тимот не играше како што треба. Претходно бевме среќни и пред натпреварот и по него, но сега не беше така. Мора да се поправиме ако сакаме да ја освоиме титулата. Што се однесува до Бејл, тој се извини за своето однесување.“

Францускиот тренер имаше изјава и за титулата.

„Неодамна реков дека освојувањето на титулата не е лесно, иако тогаш бевме лидери на табелата. Првенството е отворено, а има уште многу натпревари до крајот, па ние ќе се бориме до последното коло.“