„Не треба да се крие, постои допинг во тенисот“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Новиот тениски број еден, Енди Мареј вели дека постои допинг во тој спорт и изјави дека се потребни повеќе проверки.

    Во претходната година имаше многу приказни за недозволени средства во тенисот, а се започна по суспензијата на Марија Шарапова која користеше мелдониум кој е забранет од 2016.

    „Би било чудно да се помисли дека нашиот спорт е имун на допинг. Ниту еден спорт не е имун. Ако некој лаже, тогаш тој мора да биде казнет. Не е фер да се има изговор дека тоа прв пат се случило.“

    „Кога ќе дојде до проблемот, тогаш не смеете да го игнорирате. Ако некој не ги почитува правилата, тоа мора да се каже. Би било добро кога за овие работи би се разговарало отворено.“

    Иако постигна многу на теренот во 2016-та година вели дека најголем успех му е раѓањето на неговата ќерка.

    „Таа е нешто најдобро што ми се има случено оваа година. Уживам на теренот, но тоа што станав татко е најдобрата работа која ми се случи.“