„Нианг го тренирам како свој син!“

Тренерот на Вотфорд, Валтер Мацари изјави дека Нианг го тренира како син.

Тој пред неколку денови стигна во Вотфорд на позајмица од Милан до крајот на сезоната, а веќе го постигна својот прв гол и тоа во победата на неговиот тим против Барнли со 2:1.

Мацари изјави дека многу го почитува овој напаѓач.

„Го сметам како свој син. Разговарам со него секој ден. Го прашувам секогаш за совети, а се надевам дека и тој мене ќе ме слуша. Тоа е фудбалер со одлични квалитети. Ако во минатото правеше грешки, важно е сега да не ги прави и да ги слуша моите совети.“

Вотфорд моментално е на 10-то место во ПЛ со 30 бодови по 24-то коло.