Ниту среќниот погодок не му помогна на Манчестер Јунајтед – Пеналот го спаси Евертон од пораз на Гудисон


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Евертон и Манчестер Јунајтед на Гудисон Парк одиграа 1:1 во натпревар од четиринаесетото коло од ПЛ.

Пред крајот на првото полувреме Манчестер Јунајтед стигна до водство на натпреварот. Ибрахимовиќ го лобовираше голманот на Евертон, топката среќно влезе во голот. Де Геа во второто полувреме одлично му одбрани на Миралаш. Јунајтед имаше две големи шанси за погодок во 60-та минута преку Андер Ерера кој со глава шутираше и ја погоди стативата. Голманот на Манчестер Јунајтед, Де Геа можеби беше и најзаслужниот за водството на ѓаволите. На Холгејт и Валенсија му одбрани фантастично. Фелаини две минути пред крајот на натпреварот направи прекршок во казнениот простор, а Лејтон Бејн го совлада Де Геа за израмнување на резултатот. Стрелецот на првиот погодок шутираше одлично одлично, но Де Геа не дозволи да прими втор погодок.

 

Манчестер Јунајтед во следното коло на Олд Трафорд ќе го пречека Тотенхем, а Евертон ќе му гостува на Вотфорд.