Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веројатно договорот на Сити со играчот на Наполи е на „тенок мраз“.
Фудбалерот на Јуве, Миралем Пјаниќ го привлече вниманието на Манчестер Сити, јавува Тутоспорт.
Сити ги договорил сите услови околу Жоржињо, но Наполи има други планови за него.
Токму поради тоа „Граѓаните“ се свртеа кој играчот за врска на шампионот на Италија бидејќи верува дека на Јуве им се потребни пари поради скапиот трансфер на Роналдо.
Сити е спремен да понуди помеѓу 35 и 40 милиони евра со бонуси, но Јувентус секако нема да прифати, без разлика на големите трошоци околу Португалецот.
Јуве го процени Пјаниќ околу 80 милиони евра, но доаѓањето на Емре Џан и останувањето на Сами Кедира би можеле да го пратат репрезентативецот на БиХ на Островот.
Го бараше и Барселона, дали и таа ќе реагира? Ќе покаже времето.