Новогодишен дух сплотен со навивачите на Бетис: Вистинско уживање од кое светот е воодуешевен (ФОТО)


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Бетис игра многу убаво, немаа среќа денес да слават против Ејбар, но тоа е сега помалку важно.

Навивачите се забвуваа, особено на полувремето. Му покажаа на цел свет колку е лесно да се биде хуман. Навивачите на Бетис на полувреме со плишани играчки го преплавија теренот „Бенито Вилјамарина“, а ова е направено со цел донација на загрозените семејства во оваа област во Шпанија.

Над илјада плишани мечиња и останати играчки беа фрлени од трибините на овој стадион, а за настанот да биде потполн, сите навивачи пред почетокот на мечот добија специјални зелени капи, за да ја доживеат новогодишната атмосфера.

Нешто слично направија и навивачите на Фејнорд во август. Тие исто така фрлаа плишани играчки, а тоа беше донација за пациентите кои се наоѓаат во болницата во Ротердам.