Нурмагомедов по стапките на Мекгрегор: Дагестанецот почна сопствен бизнис! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите УФЦ-борци, Хабиб Нурмагомедов нема долго да го гледаме во ММА-рингот. Но, најави можност за бокс-меч во септември во Москва пред 80.000 гледачи.

Нурмагомедов реши да тргне по стапките на Конор Мекгрегор, па ќе има свој парфем, кој ќе го носи името „Орелот“, а во продажба ќе биде од сабота во Москва.

Да потсетиме, Мекгрегор има свое виски, кое е речиси невозможно да се купи, зашто неговите количини брзо се трошат.

Како ќе се продава парфемот на Хабиб останува да видиме. Не е познато колку ќе биде неговата цена, а ова е веќе втор козметичк производ со името на дагестанскиот шампион.

Неодамна една американска фирма ја претстави колекецијата на накит „Орел“, кој е посвете токму на Хабиб.

Да потсетиме, шампионот најави дека нема да се бори во УФЦ до ноември, односно додека не заврши суспензијата за неговите колеги, кои беа казнети по тепачката по мечот со Мекгрегор.