Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Може ли Милан да одолее?
Италија е спремна за најголемата трансфер борба. Нема да биде рушен рекордот на Игуаин, но имињата кои ќе се вклучени во приказната гарантираат тотална војна на пазарот на двата најголеми италијански клубови.
Од една страна Јувентус и Мино Раиола, а од другата е Милан, а во центарот на вниманието е 17-годишниот Џанлуиџи Донарума.
Картите се отворени, Јувентус не крие дека го сака чудото од дете за наследник на Џанлуиџи Буфон и спремен е да ги помине сите граници за да стигне до вундеркиндот на Милан.
Порано Јувентус и Милан имаа договор да не си ги земаат клучните фудбалери, но сега старата дама е спремна да ја искористи конфузијата околу промената на сопственикот на Милан и да му украде на росонерите бисерот на светскиот фудбал.
За тоа ќе имаат помош од менаџерот на Донарума, Мино Раиола. Контроверзниот агент порано беше во добри односи со Галијани, но е во уште подобри со раководството на Јувентус каде седи неговиот прв клиент и пријател, Павел Недвед.
Старата дама е спремна на Милан да му плати 40 милиони евра и Донарума да потпише 5-годишен договор вреден 5 милиони евра по сезона. Огромни пари за тинејџер, огромни пари и за Милан.
Во полза на Јувентус оди и ситуацијата околу договорот на Донарума и ситуацијата во Милан. Џанлуиџи и понатаму нема професионален договор со Милан и има договор до 2018-та година со росонерите. Во февруари полни 18 години и тогаш ќе може да потпише професионален договор и тогаш се очекува официјална понуда од Милан за продолжување на соработката.
Во оваа ситуацијата рацете на Галијани му се врзани и не може да го блиндира Донарума бидејќи не може ништо без дадено зелено светло од кинезите. Тоа е простор за Јувентус од два месеци кој има шанса преку Раиола да го наговорат Донарума да ја прифати понудата.
Младиот голман повеќе пати изјави дека сака да остане во Милан и да стане легенда како Малдини. Таков е и планот на росонерите… Но, мораат да бидат вниманителни бидејќи Јувентус може што побрзо да ја искористи шансата и кога ќе стигне зеленото светло од кинезите може да биде доцна.