Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Монако стана шампион на Франција по 17 години, а Жардин смета дека ова е голем успех за неговиот тим со оглед на тоа дека пред почетокот на сезоната не им даваа големи шанси.
Монако на домашен терен го победи Сент Етјен со 2:0. Головите ги постигнаа Мбапе и Жермен, па така беше осигурана титулата.
„Големо задоволство е да се освои титулата кога не ве сметаат за фаворит. Ова ми е најважниот трофеј во кариерата. Напорно работевме во последните 11 месеци, а тоа се врати со освојување на титула.“
„Ова ми е најголемо постигнување. Освојувањето на титулата на Монако е исто со тоа што ПСЖ освои 4 титули.“