Ова не се поднесува – Кинезите му понудија на ѕвездата милион неделно


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Според Goal, неколку кинески клубови му нудат многу пари на еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Фудбалските клубови од Кина не си ја знаат моќта. Сега неколку клубови од Кина му понудија неверојатна сума на пари на ѕвездата на ПЛ и Тотенхем, Деле Али.

Суперталентираниот фудбалер кој има неверојатни голгетерски способности неодамна демонстрираше што може да направи кога со два погодоци го падна на колена Челси.

Не е тајна дека одамна го следат клубови како Реал Мадрид и ПСЖ, но во центарот на вниманието се кинезите.

Деле Али има на маса понуда од милион долари на неделно ниво. За една година ќе заработи 52 милиони долари и автоматски ќе стане најплатен фудбалер во светот.

Има 20 години и огромен потенцијал, па тешко е да се поверува дека ќе отиде во Кина. Ќе заработи доволно во Европа, а ќе има шанса да се натпреварува со најдобрите светски клубови како во ПЛ така и во ЛШ.