Ова ретко се гледа: Мачка го прекина натпреварот помеѓу Евертон и Вулверхемтпон (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Екипата на Евертон и покрај огромните пари што ги вложи минатото лето се уште не може да го пронајде вистинскиот стил на игра, па претрпе уште еден шокантен пораз, овој пат од расположениот Вулверхемтпон.

„Карамелите“ на својот стадион загубија од избраниците на Нуно Еспирито Санто со 3:1, а освен головите фудбалската јавност ја обиколи уште еден интересен момент.

На „Гудисон Парк“ кон средината на второто полувреме бевме сведоци на несекојдневен настан кога се работи за англиските терени. Имено, во теренот влезе мачка која се шеташе добри три минути.

Чудно беше што никој од фудбалерите не се обиде да ја избрка од теренот, а ниту редарите не се потрудија да го сторат истото.

Кога го помина целиот терен и одзеде три-четири минути од фудбалската игра, мачката се упати кон соблекувалните и го напушти теренот.

Фановите на социјалните мрежи веднаш ја посочија црната мачка како виновник за лошата форма на тимот од „Гудисон Парк“.