Одличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“: Нова победа за Челси и Конте


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Фудбалерите на Челси продолжија со победите, откако го победија Стоук со 4:2 во натпревар од 19-то коло во ПЛ.

Одличен натпревар беше виден во Лондон и Челси денес мораше да се потруди за да стигне до победата.

Головите за Челси ги постигнаа Кејхил во 34-та минута, Вилијан во 57 и 65, како и Коста во 85-та минута за конечни 4:2.

Кај гостите головите ги постигнаа Мартинс Инди и Питер Крауч.

Останати натпревари:

Барнли – Сандерленд 4:1
Лестер – Вест Хем 1:0
Манчестер Јунајтед – Миделсброу 2:1
Саутемптон – ВБА 1:2
Свонси – Бурнмут 0:3