Одлично прво, катастрофално второ полувреме за Вардар: Веспрем со цел плен си оди од Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Веспрем предводена од Давид Дејвис дојде до голема победа во „Јане Сандански“ против нашиот Вардар со 29:27.

Избраниците на Парондо одиграа перфектно прво полувреме кое го завршија со пет поени предност (16:11). Сепак во вториот дел „Црвено црните“ тотално потфрлија и го загубија натпреварот со два поени разлика.

Најголема причина за тоа беше одличниот голман на Веспрем, Миклер кој бранеше се и сешто, а клучна интервенција беше во самиот финиш на натпреварот кога му одбрани пенал на Дибиров.

Кристијан Дисингер со пет погодоци беше најефикасен во редовите на Вардар, а на четири застанаа Стоилов, Криштопанс и Скубе. Милосављев запиша 13 одбрани и беше нерешлива препрека за гостите во првиот дел. Лошо е што речиси сите играчи овие бројки ги постигнаа во првиот дел, а во второто полувреме буквално затаија.

Во Веспрем најефикасен беше Лекаи со седум погодоци, додека Ласло Наѓ постигна шест гола.