Оклахома и без Вестбрук стигна до победа!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Оклахома во неизвесен натпревар ја победи Минесота со 100:98 додека Денвер победија во Далас со 109:91.

Во редовите на Оклахома најдобар беше Оладипо кој постигна 20 поени, 9 скокови и 6 асистенции. Одличен беше и Сабонис со 19 поени, 9 скокови и 3 асистенции.

Кај Минесота освен Таунс кој постигна 26 поени, солиден беше и Диенг со 19 поени додека Вигинс постигна 18.

Денвер на гостувањето го победи Далас со 109:91.

Најдобар во тимот на Денвер беше Харис со 20 поени додека Бизли и Плами постигнаа по 16.

Во тимот на Далас најдобар беше Новицки со 27 поени, 8 скокови и 1 асистенција.