Олимписки пливачки маратон викендов во Охрид


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008” Охрид, го најавува оджрувњето, за прв пат во Македонија, Олимпискиот пливачки маратон на 10 км.

„Охрид 2017” ќе се реализира на 12 август во сабота на Охридското езеро на водената површина помеѓу старото пристаниште на хотел Палас и хотелот Милениум.

Предвидено е стартот на трката да биде во 12 часот, а пристигнување на пливаите на целта се очекува околу 14 часот, кога ќе биде и доделувањето на медалита на победниците.

За регуларноста на пливачкиот маратон на 10 км, како олимписка дисциплина ќе се грижат судии –делегати д Меѓународната пливачка федерација ФИНА.