Официјално: Баерн договори француска ѕвезда! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што се шпекулираше во претходниот период, Французинот Бенџамин Павар ќе се пресели во Баерн Минхен, а денеска стигна потврда и од германскиот шампион.

За трансферот на одбранбениот фудбалер на Штутгарт Баерн мораше да плати 35 милиони евра, а интерес за 22-годишниот играч покажа и по завршувањето на Светското првенство.

И покрај тоа што тогаш Павар ја одби понудата на Баварците, сепак почуствува дека треба да го напушти Штутгарт и тоа ќе го направи наредното лето, кога ќе се пресели во Баерн со кој потпиша петгодишен договор.