Официјално: Интер потврди уште едно големо засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер и официјално потврди дека Матео Политано е нов играч на клубот откако се договориле со Сасуоло за едногодишна позајмица.

Во договорот помеѓу двете страни има опција за откупување на неговиот договор за 25 милиони евра следната сезона.

Интер сега за 23 годишниот фудбалер ќе му исплати на Сасуоло пет милиони евра, а следното лето за дополнителни 20 милиони евра ќе може целосно да го откупи неговиот договор. Во трансферот е вклучен и младиот напаѓач на „Нероазурите“, Јенс Одгаард.

„Матео Политано официјално е играч на Интер. Италијанскиот напаѓач се приклучи на тимот на едногодишна позајмица со право за откуп следната сезона“ –стоеше во дел од соопштението испратено на официјалната страна на Интер.