Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според француските медиуми, трансферот на најдобриот фудбалер на Олимпик Лион во Арсенал, е готова работа.
„Топчиите“ го потпишале довчерашниот фудбалер на Лион, Александар Лаказет кој во следните 24 часа ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на 4 годишен договор со клубот.
Додека пак, изворите блиску до францускиот клуб говорат дека сумата која Арсен Венгер, ќе ја искешира на Лион е околу 50 милиони евра.
Со овој трансфер, другиот интернационалец на „триколорите“ во Арсенал ќе нема место, па така според островските медиуми, Оливије Жиру е пред преселба во Евертон, кој е спремен да плати оштета од 20 милиони евра.