Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Работата завршена, а од лекарската ординациај пристигнаа добри вести.
Јувентус го откупи договорот на Даглас Коста од Баерн. Тие немаа дилеми, после почетните маки, Бразилецот се вклопи, иград обро, избори место во составот, па Јуве ја активираше својата опција за откуп.
Вкупно, трансферот изнесува 47 милиони евра, шест се веќе платени за позајмица за оваа сезона, ќе се додадат уште 40 милиони и еден милион бонус.
Ова е продолжување на соработката на овие два клуба. Јувентус го зеде Бенатиа од Баерн, Баварците ги купија Коман и Видал ид Италијанците.
Што се однесува на вестите од лекарската ординација, веројатно со Игуаин се е во ред. Имено, Аргентинецот за разлика од Бернардески ќе биде пократко отсутен заради повредата во дербито со Торино.
Најверојатно ќе паузира на мечот против Аталанта, а можно е следната среда баш против тимот од Бергамо во купот да се појави на теренот. Во секој случак и тој и Матуиди ќе бидат спремни за дербито против Лацио, а потоа и за реваншот во Лондон против Тотенхем.