Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома конечно се разигра и со високи 4-0 го разби тимот на Фросионе, а Хавиер Пасторе постигна уште еден мајсторски гол со пета во дресот на Волчицата.
Тренерот Ди Франческо за оваа средба ја промени формацијата на Рома во 4-2-3-1 и се чини дека Пасторе цвета во ваквата тактичка постава.
„Се чуствувам многу полесно на оваа позиција, бидејќи успевам повеќе пати да ја примам топката помеѓу дефанзивната линија и повеќе да ги ангажирам напаѓачите. Ова е мојата права улога“, истакна после натпреварот Пасторе.
„После толку негативни резултати мораме да играме поодлучно и да се концентрираме на тоа да се вратиме на победничките стази“, продолжи Пасторе, па се осврна на дербито кое ги очекува со Рома за викендот:
„Сакаме да славиме во дербито и ќе направиме се што е во наша моќ така и да биде. Знам дека овој натпревар е многу важен за Рома“.