Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат шпанските медиуми, на Етихад веќе во јануари би можел да се пресели дефанзивецот на Бетис Јуниор Фирпо.
Овој 22 годишен фудбалер игра сјајно за тимот од Севиља, откако доби шанса за игра во минатата сезона. Примарна позиција му е лев бек, а многу лесно може да игра и како крило, но и како штопер.
Можноста за играње на повеќе позиции привлече многу клубови, а за сега Граѓаните се тие кои покажаа најголем интерес.
Јуниор би можел да ги чини многу пари. Бетис за неговите услуги бара дури 60 милиоони евра, а газдите на Сити би можеле да посегнат во својот џеб со цел да му исполнат уште една желба на Гвардиола.
Фирпо е роден во Доминиканска република, но го носи дресот на селекцијата на Шпанија. Член е на Бетис од 2014. година.