Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк откри дека едвај преживеал, а денеска е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во светот.
Ван Дајк пред десет години имал проблеми со слепото црево, а по операцијата бил спасен само благодарение на одличната физичка состојба и редовните тренинзи.
„Тоа беше ужасно искуство, мислев дека нема да преживеам. Првпат во животот фудбалот не ми беше важен, сакав само да останам жив. Маја и јас се молевме на Бог. Во еден момент требаше да потпишам некои документи и тоа беше порака. Да починев во болница, дел од парите кои ги заработив ќе припаднеа на мајка ми“, порача Холанѓанецот.
Стоперот тогаш имал само 17 години и настапувал за екипата на Гронинген.