Погледнете ги реакциите на медиумите за натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


По спектакуларниот натпревар во Барселона, шпанските и француските медиуми целосно очекувано направија поинакви известувања за натпреварот.

„Марка“ на својата насловна страна носи наслов „Враќање во историјата“ под кој се наоѓа содржината од натпреварот.

„АС“ на насловната страна има изјава на Пике: „Сите не закопаа“, како и голот на Роберто за 6:1.

„Ел Мундо депортиво“ има наслов „Историско враќање на Барселона за пласман во ¼-финале“, како и изјава на Енрике.

„Ел Паис“ исто така на насловната страна носи приказна за неверојатниот пресврт на Барселона.

„Л`Екип“, од друга страна, на насловната страна има изјави од своите играчи во кои зборуваат за „недозволивото“ испаѓање.