Подготвена е пеколна одмазда: Конте се враќа во Италија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте остана без работа летоска, откако доби отказ од Челси и наместо него го ангажираше Маурицио Сари.

„Калчомеркато“ пишува дека директорот на Интер, Бепе Марота со поддршка од сопственикот на клубот решил да тргне по потписот на Конте.

Марота го донесе Конте во Јувентус, каде што ја почна доминацијата на Апенините, но јавна тајна е дека се разделил со Ањели во лоши односи.

Често ја критикуваше управата, а единствен кој го поддржуваше Конте беше токму Марота, со кој би можел да соработува повторно.

Кариерата на Лучано Спалети во Интер би можела да биде завршена наскоро, откако тој загуби од Торино, па сега ќе се обиде да задржи на место кое води во Лигата на шампиони.