Подготвителни натпревари: Торонто подобар од Голден Стејт


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Минатата ноќ започна претсезоната во НБА лигата, одиграни беа 2 натпревари, а победија Торонто и Њу Орлеанс.

    Торонто новата сезона ја започнаа со победа против Голден Стејт со 97:93, на која имаше протест против расна нееднаквост. Играчите на Торонто ги прекрстија рацете во текот на интонирањето на химната на САД и Канада, со што му се приклучија на квотербекот на Сан Франциско во протестот кој го започна во август.

    Најдобар во победата на Торонто беше Керол со 14 поени додека Дерозан и Рос постигнаа по 11. На другата страна Томсон постигна 16 поени додека Меко постигна 11 поени. Дурант го имаше своето деби во дресот на Голден Стејт и постигна 9 поени.

    Во останатиот натпревар Њу Орлеанс беше подобар од Далас со 116:102. Мур и Хилд постигнаа по 19 поени додека Џонс постигна 17. Помеѓу Далас најдобар беше Андерсон со 14, а Брусино постигна 13 поени.