Позната судбината и на Јан Облак


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Целата разврска околу голманските позиции најмногу им оди во полза на навивачите на Атлетико Мадрид и Манчестер Јунатјед.

Причината е едноставна,  и Јан Облак и Давид Де Геа ќе останат во своите клубови и по крајот на овој летен преоден рок.

Облак беше една од опциите на Манчестер Јунајтед доколку Де Геа си замине од клубот, но тоа нема да се случи затоа што „Кралевите“ се пред комплетирање на трансферот на Тибо Куртоа.

Тоа значи дека Облак и дефинитивно ќе остане на „Ванда Метрополитано“ и следната сезона.

„Никој не ни има испратено понуда за Облак. Уверени сме дека тој ќе биде важен дел од нашиот тим во наредниот период. Отворени сме кон нови зделки и засилување на нашиот тим“- истакна претседателот на Атлетико Мадрид.