Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Март месец е месец во кој треба да се случат доста промени во Милан.
Имено на 1.март првите луѓе на Милан ќе се повлечат од своето место, а на трети веќе кинески инвеститори ќе седнат на чело на големиот италијански клуб.
Голем број навивачи со нетрпение го очекуваат официјализирањето на тоа, многумина се надеваат дека ова е нов почеток за Милан и дека повторно италијанскиот клуб ќе биде оној стариот Милан.
Марко Фасоне ќе го замени Галијани, а новиот спортски директор ќе биде Масимиљано Мирабељи, а покрај тоа се очекува и голем трансфер буџет за на лето.
Според италијанските медиуми, ова лето Милан на располагање ќе има од 120 до 130 милиони евра што е рекорден трансфер буџет за овој тим.