Покетино го најде лекот за сините – Тандемот Ериксен-Али ја прекина победничката серија на Челси (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем на домашен терен го совладаа Челси со 2:0 во последниот натпревар од дваесетото коло од ПЛ.

Челси ја имаше првата поголема шанса за погодок на стартот на натпреварот кога Еден Азар шутираше покрај голот. Во финишот на првото полувреме Кристијан Ериксен нафрли, а Деле Али ја затресе мрежата на Тибо Куртоа за водство на Тотенхем.

На почетокот на второто полувреме Хуго Лорис фантастично го одбрани ударот на Диего Коста. Се играше 54-та минута кога Кристијан Ериксен нафрли, а Деле Али го постигна вториот погодок на натпреварот за конечни 2:0.

Тотенхем ја прекина големата победничка серија на Конте и Челси. Во следното коло петлите на домашен терен ќе го пречекаат ВБА, а Челси гостува на Кинг Пауер кај Лестер.

 


Dele Alli Goal – Tottenham Hotspur Vs Chelsea… by eurofootballhd1


Dele Alli 2nd Goal HD – Tottenham 2-0 Chelsea by Live1Goals