Покетино е голем господин: Ги тешеше играчите на Арсенал во тунелот


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Големото лондонско дерби помеѓу Тотенхем и Арсенал кое се одигра во саботата на Вембли заврши со резултат пд 1-1.

Арсенал имаше предност со голот на Ремзи, но Тотенхем дојде до израмнување откако Кејн беше сигурен од белата точка. Иако Арсенал беше со играч помалку можеа да дојдат до победа во самиот финиш, но Обамејонг промаши пенал.

Топџиите во финишот од натпреварот играа со играч помалку бидејќи Лукас Тореира доби директен црвен картон поради прекршокот над Дани Роус. Овој 23 годишен играч за врска во тунелот го чекаше крајот на мечот и беше видно тажен поради тоа што се случи.

Меѓутоа на крајот тренерот на Тотенхем, Покетино ги воодушеви сите откако му пријде на Тореира и проба да го утеши. Ова навистина ја покажува големината на Покетино иако беше во прашање можеби најголемото дерби за Тотенхем.