Покетино: Навивачите можат да сонуваат за титулата, но Ливерпул и Сити се фаворити


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем, Покетино им порача на навивачите дека можат да ја сонуваат титулата, но дека Ливерпул и Манчестер Сити се први фаворити.

„Нашите навивачи можат да сонуваат и да размислуваат за титулата колку што сакаат. Фудбалот е отворен за соништа и верувања, но мораме да ги почитуваме нашите ривали. Ливерпул и Манчестер Сити имаат историја на освојување на бројни трофеи. Го заслужуваме местото каде што сме во моментот,но мораме да одиме чекор по чекор. Сити и Ливерпул и понатаму се фаворити за титулата“, изјави Покетино.

Исто така тој се осврна и на натпреваот против Борнемоут.

„Најважно е да го задржиме моментумот. Борнемоут играше добро во последно време и моравме добро да се спремиме за мечот. Покажавме добра енергија, но мораме да ја задржиме. Сега сме отворени за многу работи, сево ова е тест за нашиот метод на игра“, додаде Аргентинецот.

Тотенхем после 19 кола се наоѓа на 2. позиција со 45 освоени бодови, односно шест помалку од водечкиот Ливерпул.