Поранешен претседател на Барселона вмешан во илегална трговија со човечки органи поради нивни играч!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сандро Росел, поранешниот претседател на Барселона, е на суд поради обвинение за „перење“ пари, а обвинение има и до сопругата Марта Пинеда, Џоан Бесоли, адвокат од Андора, како и уште три личности.

Сумата за која се обвинуваат е речиси 15 милиони евра од различни договори со телевизии, плус пет од спонзорство со „Најк“.

Но, обвинувањето кое го прикажа „Ел Конфиденсијал“ е ужасно. Росел се обидувал да купи на „црниот пазар“ црн дроб за Ерик Абидал, кој како играч се разболе од рак.

Наводно, полицијата има докази, поточно четири разговори во кои Росел преговара за купување на црн дроб.

Дури се направени и транскрипти, не е споменато името на Абидал, не е познато ниту дали Французинот знаел, но договорена била продажба во Боливија.